Пјаниќ за ‘судирите’ во Јуве: Се е лага, ништо не се случи!

Низ италијанските медиуми изминатиов период постојано се пишуваше за наводни судир во соблекувалната на Јувентус за време на финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид во Кардиф. Наводно Леонардо Бонучи имал жестока расправија со Дибала и Барзаљи на полувремето… Но, босанскиот фудбалер од средниот ред Миралем Пјаниќ тврди дека ништо од тоа не е вистина.

„Се и сешто прочитав, но ништо не е точно… Се надевам дека приказните за наводните судири ќе престанат, затоа што се лажни“ – вели Пјаниќ, посакувајќи му среќа на Бонучи кој ги засили редовите на големиот ривал Милан.

„Лео тука беше со години. Одбра сега да си оди и тоа е сосема нормално. Фудбалерите доаѓаат и си заминуваат. Тоа е негов избор и јас му посакувам многу среќа“ – истакнува Пјаниќ.

Се вчитува...