Пјаца: Тренерот избира, мое е да дадам се од себе кога ќе влезам во игра

Јувентус и со фудбалер повеќе се мачеше да го скрши отпорот на Јувентус се до влегувањето во игра на Марко Пјаца. Екс-капитенот на Динамо Загреб само неколку минути по влегувањето успеа да го матира Касилјас, постигнувајќи го својот прв гол во дресот на „старата дама“.

Секој сака да игра цело време, тоа е нормално. Тренерот е тука за да избира, а мое е да дадам се од себе кога ќе влезам во игра. Тоа го сторив и денеска, секако дека сум горд на постигнатиот гол, но многу позначајно за мене е што успеавме да победиме и да си ги отвораиме вратите кон четвртфиналето. Знаеме дека ништо не е готово и внимателно ќе го дочекаме реваншот, на кој ќе треба да ја повториме денешната игра“ – изјави Пјаца.

Се вчитува...