Плејоф без публика не личи на битка за финале (Фотогалерија)

Карпош соколи заслужено се пласираше во финалето од плејофот, но вистинска штета е кога полуфинална пресметка ќе се игра пред празни трибини како што тоа беше случај вечерва во „Градски парк“. Работнички го немаше потребниот „ветер во грб“ од трибините, а со тоа и изостана инспирацијата кога беше најпотребно, па избраниците на Докузовски немаа сили да го комплетираат пресвртот во последната четвртина.

За Работнички ова е „крај на патот и распуст“ за оваа сезона, но Докузовски и неговите избраници не ја кријат желбата догодина да направат уште најмалку еден чекор напред, па да играат финале и да се борат за нова титула.

Што се однесува до „соколите“, пласманот во финалето е заслужен, но за искачување на врвот предизвикот ќе биде уште поголем – пресметки со МЗТ Скопје, ривалот од кој веќе претрпеа два порази во рамките од Супер-лигата.

[new_royalslider id=”635″]

Се вчитува...