Пливачката Ана Јаневска со скромен настап на ЕП во Копенхаген

Македонската пливачка Ана Јаневска имаше скромен настап на Европското првенство во пливање во 25-метарски базен што се одржува во Копенхаген, Данска. Во квалификациите на 100 метри слободно, Јаневска го освои последното 51. место, пливајќи со време од 59.46 секунди. Таа исто така настапи и на 50 метри пеперутка, и успеа да заврши на 46.место со време од 28.75 секунди.

Македонија на ова Европско првенство ќе ја претставуваат и Миа Крстева, Љупчо Ангеловски, Давор Петровски и Методија Ангелески.

Се вчитува...