По Џиџи – Џиџо: Јуве го бара Донарума за наследник на Буфон

Џанлуиџи Донарума објави дека нема да потпише нов договор со Милан бројни европски гиганти почнаа да подготвуваат понуди за суперталентираниот чувар на мрежата. Еден од нив е и Јувентус, најтрофејниот италијански клуб кој во Донарума гледа идеален наследник за својот капитен – Џанлуиџи Буфон.

Како што стојат работите, наследникот на Џиџи може да биде „Џиџо“ (прекарот што го има Донарума), откако и директорот на „старата дама“ Џузепе Марота потврди дека гигантот од Торино е подготвен да се вклучи во трката по извонредниот голман.

Кога некој како Донарума станува достапен на пазарот, треба да сте луди да не реагирате. Дали ќе го купиме? Не знам дали ќе успееме, но Јувентус мора да ја искористи шансата ако му се укаже“ – истакна Марота за италијанските медиуми.

Буфон дојде во Јувентус во 2001 година и се уште со огромен успех ја чува мрежата на „старата дама“, па најтрофејниот италијански клуб сака истиот рецепт да го употреби и со Донарума, па да ја реши голманската позиција во тимот за следните десетина години.

Останува да се види дали „црно-белите“ од Торино ќе успеат во својата намера, ако се знае дека сериозен интерес за Донарума искажува и Реал Мадрид, додека од друга страна „росонерите“ бесни од односот на младиот голман најавија дека се подготвени цела сезона да го чуваат без да брани, па потоа тој следното лето да си замине без никаква отштета.

Се вчитува...