По Гасол ќе игра во НБА до 40 години

По Гасол и во следните сезони ќе остане во редовите на Сан Антонио, потпишувајќи нов договор со екипата на Грег Попович, со што ќе остане дел од НБА-лигата до 40-годишна возраст.

Како што пренесува американскиот ЕСПН, 37-годишниот репрезентативец на Шпанија потпишал нов тригодишен договор со Спарси, влегувајќи сега во својата 17-та НБА сезона. Досега во кариерата просечно бележеше 17,9 поени по натпревар.

Екипата на Сан Антонио претходно ангажираше и тројца нови кошаркари, Руди Геј, Брендон Пол и Џефри Ловерњ.

Се вчитува...