По Николиќ и Серафимова заминува од Металург во ПАОК

Покрај пикерот Марија Николиќ, од следната сезона во грчкиот ПАОК ќе настапува и голманката Матеја Серафимова (21). И двете репрезенаттивки досега го носеа дресот на Металург и важат за големи надежи на македонскиот женски ракомет. Во грчкиот тим кој во наредната сезона ќе настапува во Челинџ купот, двете македоснки репрезентативки ги претставија како големи засилувања за постигнување на зацртаните цели.

И за Серафимова како и за Николиќ ова ќе биде прв чекор во интернационалната кариера.

„Задоволна сум од овој трансфер, ќе играм во клуб со богата традиција. Мислам дека ќе имаме добра сезона и дека ќе ја оставриме целта. СЕ надевам дека нашата работа ќе даде резултат на терен. ПАОК за мене е чекор напред во кариерата“ – изјави Матеја Серафимова на претставувањето во новиот клуб.

Се вчитува...