По повеќе од една година Агим Ибраими конечно се врати на терените

По повеќе од една година, поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими конечно се врати на фудбалските терени.

29-годишниот Ибраими ја издржа „голготата“ која ја доживуваше во казахстанска Астана, па откако ова лето се пресели во редовите на Домжале сега и дебитираше во дресот на словенечкиот прволигаш.

Ибраими се врати на терените на пријателскиот натпревар на Домжале против италијанскиот Удинезе кој заврши без победник, 1-1.

Претходно, последен натпревар кој го одигра Ибраими беше на 21. август 2016 година за Астана во казахстанскиот шампионат.

Се вчитува...