По триумфот во Ирска, Србија на чекор од Мундијалот во Русија

По големата победа против Ирска во Даблин, репрезентацијата на Србија направи огромен чекор напред кон пласманот на Светското првенство 2018 во Русија. За разлика од Групата Д каде Србија славеше, селекцијата на Хрватска загуби од Турција, па сега дури четири селекции од Групата И, Хрватска, Исланд, Турција и Украина пред последните две кола се со еднакви шанси за место на Мундијалот.

Србија до триумфот во Даблин дојде до голот на Коларов на почетокот од второто полувреме… Ирците играа и со играч повеќе од 70. минута, по исклучувањето на Максимовиќ, но не успеаја да дојдат до израмнување. Во оваа група Велс славеше на гости против Молдавија, па сега е на втората позиција…

ТАБЕЛА – ГРУПА Д: Србија 18 бода, Велс 14, Ирска 13, Австрија 9, Грузија 5, Молдавија 2 бода.

Се вчитува...