Победа го удвои темпото на тренинзи

Фудбалерите на Победа ги интензивираат подготовките. И покрај проблемите со кои се соочува клубот, пред се од финансиска природа, но и поради големиот одлив на фудбалери, тимот сепак работи напорно, подготвувајќи се за пролетниот дел од шампионатот.

Според планот и програмата на шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања, од денес екипата ќе има по два тренинзи дневно. Претпладнево фудбалерите поделени во две групи одработија тренинг во сала за кревање товар, а попладне, од 15 часот вториот тренинг ќе се одржи на теренот на Могила.

Закажани се и првите контролни натпревари. Првиот тест натпревар е во вторник, на 16. јануари со Шкендија, вториот на 24. јануари со Ренова а за 3. февруари е закажана контролка со второлигашот Македонија ЃП.

Се вчитува...