Победа на Одорхеи во тренерското деби на Горан Кузманоски

Македонскиот интернационалец Горан Кузманоски во своето тренерско деби на клупата на Одорхеи славепе победа на домашен терен против Дунареа со 29-26, во првиот натпревар од разигрувањето за пласман во шампионатот на Романија (5-8 место). По оставката на тренерот Влад Чаба, управата на Одорхеи одлучи во последните два натпревари од сезоната тимот да го води Кузманоски, во двојна улога како играч и тренер. Искусниот македонски ракометар добро се снајде во новата улога и своето тренерско деби го круниса со победа.

Во триумфот на Одорхеи забележителна улога имаше и Гоце Ојлески кој постигна пет гола и беше втор стрелец во домашниот тим зад Михалчеа со седум гола. А, Милорад Кукоски вообичаено беше со одбранбени задачи и не се запиша во листата на стрелците.

Екипата на Темишвар за која настапуваат Филип Лазаров и Златко Даскаловски, во првиот натпревар од разигрувањето за пласман, на гостински терен беше поразена од Васлуи со 28-27. Лазаров постигна четири гола за Темишвар во чиј состав најефикасне беше Марко Ласица со 10 гола.

Се вчитува...