Победа над Косово или пад во амбисот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Тенис
24/08/2017 1:34
Фудбал
23/08/2017 21:31
Фудбал
23/08/2017 20:12
Фудбал
23/08/2017 18:43

Победа над Косово или пад во амбисот

Победа над Косово или пад во амбисот

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20.30 часот, СЦ „Борис ТРајковски“ го игра третиот натпревар во претквалификациите за СП 2019, во обид конечно да ја забележи првата победа. Двата стартни порази ја донесоа нашата национална селекција на работ на амбисот, па јасно е дека вечерва во Скопје против Косово мора да се слави со најмалку пет разлика за да се задржат шансите за пласман на едно од првите две места во групите.

Фијаското во овие претквалификации беше најавено со ужасното прво полувреме во Приштина што македонските кошаркари го загубија со 40-20. Иако потоа прикажаа далеку подобра игра и загубија со само четири поени разлика, нашите репрезентативци потоа беа поразени и на домашен терен од Естонија, со што сериозно си ја искомпликуваа задачата на патот до главните мундијалски квалификации. Токму затоа повеќе нема простор ниту за минимална грешка, а поголемиот квалитет што го поседуваме во однос на Косово ќе мора да се потврди на терен – во текот на сите 40 минути.

Веќе немаме друг избор, мора да одиграме најдобро што можеме и со колективен настап да славиме против Косово и да потсетиме на добрите игри од подготвителниот период. Знаеме дека сме подобри од противникот, но и свесни дека мораме тоа да го покажеме на терен, никако не дозволувајќи си игра како во првото полувреме во Приштина“ – истакнуваат македонските кошаркари во пресрет на вечерашниот дуел.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.