Победа полна оптимизам пред утрешната пресметка во Купот со Пелистер

За стручниот штаб и фудбалерите на Победа значајната победа и трите бода од гостувањето против Академија Пандев во Струмица се веќе минато. Фокус на прилепчани е кон утрешниот прв четвртфинален меч од Купот на Македонија со Пелистер во Битола (13 часот).

Шефот на стручниот штаб на Победа, Славољуб Бубања го потенцира значењето на овој меч но и воопшто на Купот како специфично натпреварување, посебно затоа што во Црна Гора со Челик има освоено Куп трофеј.

„Натпреварот со Академија Пандев за нас е минато. Веќе утре имаме натпревар против Пелистер. Сигурно како што и Пелистер, како минатогодшен осовојувач на пехарот, има свои и ние имаме наши амбиции во Купот на Македонија. После би рекол незаслужените порази од Шкупи и Шкендија, кои тешко ни паднаа на сите, момците се вратија и во Струмица покажаа карактер и го потврдија својот неспорен квалитет. Тоа неделно издание ни дава голем оптимизам пред овој натпревар. За мене Купот е своевидно турнирско натпреварување од два натпревари. Имаме добар ростер на фудбалери па од моето доаѓање првпат за утрешниот меч сите фудбалери се во комбинација, нема ни повредени ни казнети поради картони. Ние ќе дадеме се од себе утре и се надевам на поволен резултат. Од мој аспект, затоа што имам освоено Куп трофеј, се што ќе направиме на утрешниот меч со постигнат гол во Битола би биле поблиску до полуфиналето“ – вели Бубања.

Се вчитува...