Победа и пораз за младите фудбалерки на контролите со Албанија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Победа и пораз за младите фудбалерки на контролите со Албанија

Победа и пораз за младите фудбалерки на контролите со Албанија

 Женската фудбалска репрезентација до 19 година одигра два контролни натпревари против селекцијата на Албанија. На гостински терен, избраничките на Астрит Мерко забележаа една победа на првиот натпревар во Корча со 5-4, додека на вториот загубија со 5-3.

На првиот натпревар, домашниот состав прикажа поагресивна игра што им донесе рано водство од 2-0 кое со погодоците на Сара Хусеин и Елма Шемшовиќ беше анулирано до полувремето. Во вториот дел Албанките повторно поведоа, а за пресвртот се заслужни Теодора Димовска, Елма Шемшовиќ и Илза Максути. о судиското продолжение домаќинот забележа уште еден погодок за конечни 5-4.

На вториот дуел во кој Албанија јсе покажа како посилна Мерко им даде шанса на сите фубалерки. Анастасија Митревска забележа два погодока, еден постигна Теодора Димовска.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.