Победа се засили со Неданоски од Пелистер

Прилепска Победа за продолжението од домашниот шампионат се засили и со најдобриот стрелец во второлигашката конкуренција, Александар Неданоски, кој изминатава есен како позајмен фудбалер од Пелистер настапуваше за Новаци.

Тој зимава се врати во Пелистер, но откако не успеа да се избори за место во тимот на Наџи Шенсои, се одлучи да се пресели во редовите на Победа.

Неданоски е најдобриот стрелец во Втората лига на Македонија по есенскиот дел од шампионатот, со 9 постигнати гола од 11 натпревари.

Со оглед на тоа што во Победа доаѓа по крајот на преодниот рок, мора да паузира во следните два месеци, па на располагање на тимот ќе биде за последниот четврти круг од првенството. Право за настап добива во 29. коло од шампионатот на 26. април на дуелот против Силекс.

Се вчитува...