Победа се засили со Србинот Качар

Македонскиот прволигаш Победа од вчера во своите редови го приклучи и 26-годишниот српски фудбалер Ервин Качар. Тој се договори со раководството на клбот и беше промовиран од спортскиот директор Александар Крстески.

Качар потекнува и во најголем дел од кариерата настапувал за тимот на Нови Пазар и тоа најчесто на позицијата денес бек, а повремено и како десно крило. Со неговиот ангажман стручниот штаб планира да ја пополни празнината по неочекуваното заминување од клубот во текот на подготовките во Банско на Бојан Георгиевски.

Качар е шестото засилување на Победа за новата сезона. Претходно ангажирани беа Борче Маневски, Нове Ацески, Ѓоре Јованоски, Тулат Хумбатов и Јасир Асани.

Се вчитува...