Победата е императив против Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20.30 часот) го игра првиот домашен натпревар од претквалификациите за СП 2019, против селекцијата на Естонија. Неочекуваниот пораз од Косово ги става „црвено-жолтите“ во крајно непријатна ситуација, да не смеат да си дозволат пораз вечерва доколку сакаат да останат во контрола на сопствената судбина и да не зависат од последниот меч во овие квалификации меѓу Косово и Естонија што ќе се игра во Приштина.

Нема посебни „математики“, Естонија денеска мора да се победи, без оглед на фактот дека станува збор за квалитетна селекција што доколку влезе во шутерски ритам може да создаде сериозни проблеми. Целта е јасна, да се отстранат бројните грешки од првото полувреме од Приштина и овојпат сите 40 минути да се одиграат во високо темпо.

Се работи за добра екипа која игра многу агресивно. Имаат силни 11-12 играчи кои играат силно по цел терен, 40 минути и трчаат доста. Имаат силни шутери кои се извлекуваат и шутираат. Ние ги гледавме и скаутиравме овие денови и се надевам дека ќе одговориме успешно. Ќе биде доста тежок натпревар, мораме да играме максимално во одбрана, максимално сконцентрирано во транзиција и да се обидеме да победеме. Ние и немаме друг избор освен победа на овој натпревар. Мора да победиме и тоа е тоа – ќе нарпавиме сè од себе за да победиме.  Сигурно после поразот во Приштина малку атмосферата не беше на највисоко ниво, се обидовме овие два дена да ја вратиме. Ќе видиме како ќе биде тоа вечер. Се надевам дека сите играчи ја сфатија сериозноста на ситуацијата и дека немаме друг избор освен вечерва да победиме. Се надевам дека и публиката ќе дојде во поголем број и ќе нè поддржи во тоа“– истакна селекторот Јорданчо Давитков.

Се вчитува...