Победничко враќање на Христијан Илиоски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/06/2017 11:43
Кошарка
25/06/2017 10:28
Фудбал
24/06/2017 22:41
Фудбал
24/06/2017 20:21

Победничко враќање на Христијан Илиоски

Христијан Илиоски – Кико на најдобар можен начин го најави враќањето на мотокрос патеките, со двојна победа во класата МХ1 на трката која викендов се возеше на патеката Братиндол крај Битола.

Бројната публика во Битола присуствуваше на одличната трка која ја организираше „ЛТД мотокрос“ клубот од Битола, а на која учествуваа натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Грција и секако Македонија.

Популарниот Кико, иако повеќе од една година нема настапувано на трка, на новата Хонда буквално ја воодушеви публиката потврдувајќи го уште еднаш сиот свој натпреварувачки квалитет. Втората позиција на двете трки во класата МХ1 му припадна на водечкиот во генералниот пласман, Гоце Томовски.

Уште една борба која беше интересна за публиката секако беше онаа во класата МХ3 меѓу Борче Костов и Јове Стојков која за жал во првата трка заврши со пад на двајцата по кој Јове не можеше да ја продолжи трката.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.