Почина таткото на Мурињо: Жозе објави трогателна слика за збогум…

Жозе Мурињо денеска објави дека починал неговиот татко Жозе Мануел Мурињо Феликс на 79-годишна возраст.

Тренерот на Манчестер јунајтед на својот Инстаграм профил објави и трогателна црно-бела фотографија од детството заедно со својот татко, на некој начин збогувајќи се, како што често нагласуваше, својот идол.

murinjo so tatkoto

Таткото на Мурињо беше фудбалер, голман кој имаше повеќе од 250 настапи за Виторија Сетубал и Белененсес во португалскиот шампионат, а во својата кариера има и еден настап за португалската репрезентација. Потоа со тренерскиот занает се занимаваше цели 20 години, водејќи 11 клубови.

Се вчитува...