Почна Евролигата, стартни победи за ЦСКА Москва и за Реал Мадрид - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

Почна Евролигата, стартни победи за ЦСКА Москва и за Реал Мадрид

Почна Евролигата, стартни победи за ЦСКА Москва и за Реал Мадрид

ЦСКА Москва едно полувреме се мачеше, па потоа се разбуди и на крајот триумфираше над Олимпија Милано со 93-84 на стартот од Евролигата. Гостите од Италија, за кои настапува и македонскиот репрезентативец Џордан Теодор, одиграа одлични први 20 минути во кои имаа предност од десет поени (38-48). Сепак, избраниците на Итудис во вториот дел конечно влегоа во посакуваниот ритам, за половина четвртина го свртеа резултатот во своја полза и на крајот заслужено триумфираа.

Кори Хигинс со 21 и Серхио Родригез со 20 поени беа најзаслужни за триумфот на рускиот гигант, во чии редови одлично евролигашки деби имаше и Клајбурн, реализирајќи 15 поени, 12 скока и три украдени топки. Џордан Теодор го заврши мечот со седум поени (2/7 шут од поле) и шест асистенции.

Триумфално во новата евролигашка сезона тргна и Реал Мадрид, кој неочекувано лесно го совлада во Истанбул тимот на Анадолу Ефес со 74-88. Победата беше најавена уште во првата четвртина во која „кралевите“ поведоа со 19-28, за потоа двоцифрената предност да ја одржуваат и да ја претворат во два бода. Лука Дончиќ одигра маестрално и со 27 поени го предводеше Реал во овој триумф, Ајон постигна 16 за Реал, додека прв стрелец на Ефес беше МекКолум со 26 поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.