Почна наддавањето: И Херенвен во трката за Енис Барди!

Почна очигледно лицитацијата меѓу европските клубови за ангажман на најдобриот македонски поединец на Европското првенство во Полска, Енис Барди.

Веднаш по завршувањето на настапот на Македонија во Полска, Енис Барди и од страна на светските фудбалски аналитичари се издвои како еден од најдобрите од црвено-жолтиот тим, по што според многумина е јасно дека ова лето ќе ги напушти редовите на унгарскиот Ујпешт.

Веќе сериозно се нагласува негова преселба во новиот шпански прволигаш Леванте, но холандските медиуми пренесуваат дека во трката за услугите на Барди се вклучува и холандскиот прволигаш Херенвен.

bardi print

Од Херенвен, како што се пренесува, сакаат Барди да биде замена за Сем Ларсон во средниот ред. Од Херенвен уште од поодамна имаат потпишан договор за ангажман и на Елиф Елмас од Работнички.

Претходно, како што пренесовме, за Барди интерес пројавија и германскиот Штутгарт, но и Видеотон кој досега единствен излезе и со понудена сума од 800.000 евра.

Во секој случај, Енис Барди е пред преселба ова лето во поголема европска фудбалска средина. И покрај последниот интерес од Херенвен, се погласни се информациите дека кариерата ќе ја продолжи во Леванте.

Се вчитува...