Почнува Регионалната лига, ќе учествува Вардар?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31
Ракомет
27/04/2017 21:15
Ракомет
27/04/2017 21:02

Почнува Регионалната лига, ќе учествува Вардар?!

Почнува Регионалната лига, ќе учествува Вардар?!

Формирањето на Регионална фудбалска лига на Балканот е тема која долго време го окупира вниманието на спортската јавност во поранешна Југославија. Сега кога на чело на УЕФА застана Словенецот Александер Чеферин, можно е и многу брзо да стартува. Челниците на федерациите на земјите од поранешна Југославија ќе ја разгледуваат оваа идеја на заедничкиот состанок во Загреб, и, според информациите, ќе стартува експресно, но како пилот – проект во младинска категорија.

Тоа треба да биде и последен тест дали земјите од поранешна Југославија, а меѓу нив и Македонија, се подготвени да влезат во организација на една ваква Регионална лига. Се разбира, најголемото внимание се посветува на безбедноста, и на меѓусебниот респект на навивачките групи.

Веќе се предвидуваат и клубовите кои би учествувале во оваа Регионална лига. Од Македонија учесник би бил Вардар, од Србија би настапувале Црвена Звезда, Партизан, Војводина и Чукарички, Црна Гора ќе биде претставена со Будуќност, од Хрватска учесници би биле Динамо Загреб, Хајдук Сплит и Ријека, додека Словенија би имала свој претставник во Олимпија Љубљана.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.