Подобри и од милионите на ПСЖ: Лион има најдобар напад во Европа!

Напаѓачкото трио на Лион, Фекир – Маријано – Депај, е класичен пример дека милионските вложувања во фудбалот не се секогаш пресудни. Тие тројца мометно се најефикасното голгетерско трио во Европа, подобри и од нападот на ПСЖ, Нејмар – Кавани – Мбапе.

Речиси една третина од првенствените натпревари се одиграни во топ 5 лигите во Европа, а според статистиката тројцата голгетери на Лион се „виновни“ за 81.25% од головите, заедно имаат 26.

Нејмар, Кавани и Мбапе заедно комбинираат 24 погодоци, додека тројката на Манчестер сити, Жесус – Агуеро – Стерлинг досега постигнаа 22 гола. Од италијанското првенство трио кое се истакнува со повеќе од 20 гола се напаѓачите на Јувентус, Игуаин – Дибала – Квадрадо, кои заедно имаат 21 погодок. На големо изненадување е напаѓачката тројка на Валенсија, Заза – Родриго – Мина заедно имаат 20 погодоци.

Лион: 26 гола

Набил Фекир – 11

Маријано Диаз – 9

Мемфис Депај – 6

ПСЖ: 24 гола

Единсон Кавани – 13

Нејмар жуниор – 7

Килијан Мбапе – 4

Манчестер сити: 22 гола

Серхио Агуеро – 8

Габриел Жесус – 7

Рахим Стерлинг – 7

Јувентус: 21 гол

Паоло Дибала – 11

Гонзало Игуаин – 7

Хуан Квадрадо – 7

Валенсија: 20 гола

Симоне Заза – 9

Родриго Морено – 7

Санти Мина – 4

Се вчитува...