Погба: Целта беше да се освои трофејот, и ние го сторивме тоа

Манчестер јунајтед го освои пехарот во Лигата на Европа, откако го совлада Ајакс со 2-0 во финалниот меч во Стокхолм. Францускиот интернационалец Пол Погба претрпе многу критики оваа сезона за своите игри, но токму тој беше стрелец на првиот гол во финалето, и вели дека тимот ја остварил целта, го освоил пехарот.

„Нашата цел беше да го освоиме пехарот. Игравме добро цела сезона во ова натпреварување, и на крајот стигнавме до трофејот. Навистина сме горди на тоа. Луѓето велат дека имавме лоша сезона, но мислам дека сепак ја заокруживме на најдобар можен начин. Постигнавме гол во раната фаза од мечот, потоа и втор на почетокот на второто полувреме и имавме апсолутна контрола на случувањата на теренот. Се браневме фантастично, сите останавме фокусирани до самиот крај и ја заслуживме победата“, изјави Пол Погба по триумфот во финалето на Лигата на Европа.

Се вчитува...