Погоди кој каде ќе игра…Шкупи ќе биде домаќин во Гостивар

Прва лига. а нема ни три стадиона…Така накусо може да се опише нашиот елитен македонски фудбал. Клубовите немаат свои стадиони, а и тие што си ги присвојуваат за да играат натпревари не исполнуваат ниту минимум прволигашки услови, посебно терените, па се селат како птици преселници, каде ќе стигнат.

Така, Поведа утре ќе го пречека Работнички во Струмица, а Шкупи, која претходно го најави Тетово, на крајот в недела ќе го пречека Скопје во Гостивар. Вардар и Ренова ќе играат на арената „Филип Втори“, а Академија Пандев ќе биде домаќин на Пелистер на стадионот „Кукуш“ во Турново. Шкендија во Тетово ќе го пречека составот на Силекс.

Додека медиумите во другите земји најавуваат натпревари и се занимаваат со квалитетот на фудбалот, кај нас во Македонија е првично да се информира кој клуб каде ќе го игра својот натпревар…

Се вчитува...