Поинаку е со Роналдо за Реал, Тотенхем ги совлада „милионерите“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 19:24
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52

Поинаку е со Роналдо за Реал, Тотенхем ги совлада „милионерите“

Поинаку е со Роналдо за Реал, Тотенхем ги совлада „милионерите“

Европскиот првак Реал Мадрид, очекувано, со триумф ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо се појави во тимот, со оглед дека нема суспензија за елитното натпреварување, и веднаш постигна два гола за „кралевите“ во триумфот од 3-0 против кипарскиот АПОЕЛ.

Португалецот стрелаше во 12.минута, потоа погоди и од пенал во 51.минута, а капитенот Серхио Рамос со ножички ги постигна третиот гол.



All Goals HD – Real Madrid 3-0 APOEL 13.09.2017 by livgol

Во групата Х, Тотенхем ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1. Хари Кејн беше стрелец на два гола, серијата ја отвори Хјонг – Мин Сон, а Јармоленко погоди за „милионерите“.


All Goals & highlights HD Tottenham 3… by livefootball10

Ливерпул одигра само 2-2 против Севилја. Бен Једер во петтата минута ги доведе гостите во водство, а израмни Фирмино, кој подоцна не искористи и пенал. Салах донесе предност за Ливерпул, но Кореа сепак постигна гол за еден бод за Севилја. Јирген Клоп потоа во игра го уфрли и Фелипе Кутињо, но Ливерпул не стигна до триумф.


All Goals HD – Liverpool 2-2 Sevilla 13.09.2017 by jason-pitt1

Манчестер сити беше убедлив на гостувањето во Холандија и го победи Феенорд со 0-4. Стоунс беше стрелец на два гола, а по една стрелаа и Серхио Агуеро и Габриел Жезус.


All Goals & highlights HD – Feyenoord 0-4… by livgol

Наполи изненадувачки загуби на гости кај Шахтјор Доњецк со 2-1, а Марибор освои голем бод во „Људски врт“ против Спартак Москва, играјќи 1-1. Идентично заврши и дуелот меѓу Лајпциг и Монако, а Бешикташ славеше важен триумф на гости против Порто со 1-3. Талиска, Тосун и Бабел беа стрелци за турскиот тим.

Лига шампиони, резултати

Група Е: Ливерпул – Севилја 2-2, Марибор – Спартак Москва 1-1

Група Ф: Феенорд – Манчестер сити 0-4, Шахтјор Доњецк – Наполи 2-1

Група Г: Порто – Бешикташ 1-3, Лајпциг – Монако 1-1

Група Х: Реал Мадрид – АПОЕЛ 3-0, Тотенхем – Борусија Дортмунд 3-1

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.