Покетино би можел да се врати во ПСЖ

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, од следната сезона би можел да го превземе кормилото на неговиот поранешен клуб, Пари Сен Жермен. Аргентинецот е на листата на потенцијални наследници на Унаи Емери, кој е под притисок и работното место не му е сигурно откако доживеа шокантна елиминација на „Камп Ноу“ во Лигата на шампиони. Емери речиси сигурно ќе добие отказ доколку не го освои шампионатот по цели пет години владеење на тимот од Париз.

Покетино го врзува минато со францускиот шампион. Две години го носеше нивниот дрес, но без некој успех на колективно ниво. Аргентинскиот стратег е кандидат и за столчето на Барселона, откако Луис Енрике потврди дека ќе го напушти шпанскиот шампион по крајот на сезоната.

Од друга страна, ПСЖ посакува уште еден менаџер од  Премиер – лигата. Арсен Венгер по сите изгледи ќе замине од Арсенал по 21 година, па се’ почесто се поврзува со превземање на тимот од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...