Покетино и Венгер го открија „новиот Мбапе“

Лондонските клубови Тотенхем и Арсенал се во трка за новата француска сензација, Јан Карамо, напаѓачот на Каен. Тој има 19 години и веќе е познат како „новиот Мбапе“, односно следниот фудбалер што треба да блесне на европската фудбалска сцена.

Тоа веќе го препознаа Маурисио Покетино и Арсен Венгер и се обидуваат да го доведат во Премиер – лигата. Секако, битката на овие лондонски ривали за потписот на младиот фудбалер на Каен е жестока, а сакаат да го купат ова лето, додека неговата трансферна вредност е се уште доволно мала. Карамо во моментот е проценет на околу 10 милиони фунти, а одбил да потпише нов договор со Каен и влегува во последната година од актуелната соработка со францускиот клуб.

Се вчитува...