Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, ќе биде идниот тренер на шпанскиот гигант Реал Мадрид, ако може да му се верува на таблоидот „El Chiringuito“. Овој шпански весник тврди дека раководните луѓе на „кралскиот клуб“ имале разговор со Марко Асенсио и му соопштиле дека следната сезона ќе има многу поголема минутажа во тимот, затоа што Зинедин Зидан ќе си замине, а на негово место ќе пристигне Покетино, кој исклучително ги цени неговите квалитети.
Покетино бележи одлични резултати со Тотенхем, а од друга страна е и „смртен непријател“ на Барселона, затоа што во минатото беше дел од градскиот ривал Барселона. Тој неодамна изјави дека подобро ќе оди да работи на нива во родната Аргентина, отколку да седне на клупата на Барселона. А сето ова може да му ја понуди шансата да го добие кормилото на Реал Мадрид веќе по завршувањето на сезоната.
Евентуалниот ангажман на Покетино ќе значи и поголема надеж за Реал Мадрид дека ќе може во пакет да ги ангажира и Хари Кејн и Деле Али, ѕвездите на Тотенхем, кои исто така се наоѓаат на списокот на желби на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА