Полјаците потврдија – Лука Циндриќ потпиша за Кјелце!

Она што деновиве беше во најава, доби и официјална потврда од Полска – бекот на Вардар, Лука Циндриќ по заршувањето на наредната сезона го напушта макеоднскиот шампион и од 1 јули 2018 година ќе биде играч на Кјелце.

Хрватскиот репрезентативец со полскиот шампион потпишал тригодишен договор и во Кјелце треба да го замени Урош Зорман. Трансферот во полските медиуми го потврди и претседателот на Кјелце, Бартус Сервас.

Јас сум многу среќен, бидејќи се работи за играч од висока класа, како што се покажа и на годинашниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите. Мислам дека Лука ќе биде достоен наследник на Урош Зорман во нашиот тим. Заедно со Дејан Бомбач мислам дека тие ќе бидат најдобриот плејмејкерски тандем во светот “– изјави претседателот на Кјелце, Бертус Сервас.

Од Вардар во Кјелце на крајот на оваа сезона се сели и десниот бек, Алекс Душебаев.

cindric polska

Се вчитува...