Полман надвор од ракометот, очекува бебе со Ван дер Варт - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
26/06/2017 10:05
Останато
25/06/2017 20:21
Фудбал
25/06/2017 11:43
Кошарка
25/06/2017 10:28

Полман надвор од ракометот, очекува бебе со Ван дер Варт

Полман надвор од ракометот, очекува бебе со Ван дер Варт

Еставана Полман пред петнаесетина дена помогна Холандија да стигне до финалето на Европското Првенство, но одличната ракометарка сега е принудена привремено да ја прекине својата спортска кариера.

Причина не е повреда, туку среќната вест што холандската репрезентативка ја подели со своите фанови со најновата објава на својот инстаграм профил. Имено, таа со заедничка фотографија со своето момче, фудбалерот Рафаел ван дер Варт, обелодени дека е бремена и чека бебе со долгогодишниот холандски репрезентативец.

„Конечно, можеме да им кажеме на сите дека сме бремени“ – напиша Полман под фотографијата со Ван дер Варт и неговиот син од претходниот брак.

Холанѓанката нема да настапува до крајот на сезонава за својот клуб, данскиот прволигаш Есбјерг, а речиси сигурно дека ќе го пропушти следното Светско Првенство што во декември 2017 година ќе се одржи во Германија.

instragram polman

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.