Половина век карате во Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Тенис
24/08/2017 1:34
Фудбал
23/08/2017 21:31
Фудбал
23/08/2017 20:12
Фудбал
23/08/2017 18:43

Половина век карате во Македонија

Половина век карате во Македонија

Македонската традиционална карате федерација годинава прославува 50 години карате во Република Македонија и по тој повод изработи официјален постер. На постерот се ставени фотографии од сите каратисти кои оставиле белег и дале огромен придонес за развој на карате спортот во Р. Македонија, како и преставување на Р. Македонија ширум целиот свет.

На постерот се ставени најзаслужните и најуспешните каратисти од 1967-2017 година: Венцислав Недев-Основач на МТКФ и КК Работнички, Илија Јорга, Владимир Јорга-Основоположници на каратето во СФРЈ, Хидетака Нишијама, Хироши Шираи, Таиџи Казе-Јапонски карате учители во Македонија, Атанас Кајчевски, Сејдо Теофиловски-Основоположници на каратето во Македонија, Димче Кичевски-Основач на КК Вардар и КК Водно, Мирче Опелоски-европски шампион, Јорго Огненовски, Луиза Гашева-Најуспешни каратисти во СФРЈ, Дејан Недев-каратист на векот во РМ, повеќекратен европски и светски шампион, Аљоша Недев-светски шампион, Кристијан Кајчевски-европски вицешампион, Јадранка Недева-повеќекратен Европски и светски шампиони, Благојче Андреевски-носител на повеќе медали на ЕШ и СШ, Матеј Ангеловски-светски шампион и европски вицешампион, Мила Саздова, Берта Милевска и Антонија Белазелковска-иднината на Македонското карате.

Овој голем настан ќе се одбележи на 30 септември и 1 октомври со организација на карате семинар во Скопје со светски карате легенди, браќата Илија и Владимир Јорга, како и организирање на Свечена карате академија на 1 октомври на која ќе бидат наградени сите каратисти кој дале оргромен придонес за развој на карате спортот во РМ. Исто така по повод јубилејот ќе биде изработена и монографија со многи слики и текст за „50 години карате во РМ или Половина век исполнет со успеси“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.