Грег Попович во елемент: „Нијесам“ Србин, јас сум Црногорец - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Грег Попович во елемент: „Нијесам“ Србин, јас сум Црногорец

Грег Попович во елемент: „Нијесам“ Србин, јас сум Црногорец

Eкс-селекторот на Словенија, Игор Кокошков во интервју за српскиот медиум „Неделник“ го откри интересни моменти од неговиот прв разговор и запознавањето со тренерот на Сан Антонио, Грег Попович во 2001 година. По една пресметка меѓу Сан Антонио и ЛА клиперс, Кокошков разменил неколку зборови со Попович и му ја кажал причината зошто Попович е толку добар тренер, а добил и легендарен одговор.

„Кога работев во Клиперс, по еден натпревар со Сан Антонио се сретнав Грег Попович и морав да му кажам зошто е толку добар во својата професија. Му пријдов и му реков: „Ти си добар тренер затоа што си Србин“, а тој на тоа одговори: „Нијесам Србин, јас сум Црногорец, и не сум добар тренер, туку го имам Тим Данкан во тимот“, изјави Кокошков.


 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.