Поранешниот хрватски капитен доби 17 месеци суспензија

Националниот антидопинг центар на Украина го суспендира поранешниот капитен на хрватската фудбалска репрезентација, Дариo Срна, на 17 месеци поради допинг.

Фудбалерот на Шахтјор бил позитивен на допинг тестот направен по натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите на 22 март минатата година. Тоа значи дека Дарио Срна на терен ќе може да се врати на 22 август оваа година.

Сакам искрено да истакнам дека никогаш свесно или намерно не сум зел некое недозволено средство ниту пак сум се обидел незаконски или нечесно на било кој начин да ги зголемам моите спортски способности“ – истакна Срна во септември минатата година.

Сепак, на крајот се потврди дека во примерокот на хрватскиот капитен е утврдено присуство на недозволени средства по што следуваше и одлуката за негова суспензија.

Се вчитува...