Поранешниот „топчија“ сакал да се самоубие: Тешка депресија откако останал без ништо!

Поранешниот фудбалер на Арсенал и финалист од ЛШ 2006, Емануел Ебуе призна дека размислувал за самоубиство.

Ебуе живееше во раскош кога беше во врвот на својата кариера во славната генерација на „топчиите“ која ја освои Премиер лигата без пораз. Ебуе тие години зарабои милиони во клубот останувајќи до 2011 година. Но, тешкиот развод, одвојувањето од децата и губењето речиси на целото богатство во корист на сопругата со лошо „баратање“ на финансиите го натерало Ебуе да размислува на најлошото…

„Сакам Господ да ми помогне. Само тој може да ме тргне од црните мисли. Ме боли тоа што не си ги гледам децата со кои немам никаков контакт“ – вели Ебуе.

Наскоро ќе остане и без куќата која според судот ја добива неговата поранешна сопруга…

„Во куќата сум, но живеам сам многу уплашен затоа што не знам кога полицијата ќе затропа на мојата врата. Често ги гасам светлата и се кријам како во бункер затоа што не сакам и никаков контакт со луѓе. Но, ќе се борам за мојата куќа за да ја зачувам. Ако не успеам ќе останам на улица“ – дополнува поранешниот фудбалер на Арсенал, кој има и 79 натпревари за Брегот на слоновата коска.

Се вчитува...