Пораз на шампионите, Орландо го „преслуша“ Кливленд!

Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден стејт загуби од Мемфис со 111-101 во синоќешниот натпревар во кој брилјираше Марк Гасол.

Мемфис предноста на мечот ја создаваше во првите три четвртина која не ја испуштија до крајот, и покрај тоа што Голден стејт се разигра конечно во последниот период.

Стеф Кари постигна 37 поени за Воините, но затоа Гасол со 34 поени беше одличен во триумфот на Мемфис. Кевин Дурант кај Голден стејт мечот го заврши со 29 постигнати поени.

Денвер славеше против Сакраменто со 96-79, во натпревар во кој резултатот и играта ги контролираа од самиот почеток. Најефикасни во триумфот беа Пол Милсап и Кенет Фарид со по 18 поени, како и Гери Херис со 17 поени.

Милвоки се опорави од поразот од Кливленд, а Јанис Антетокуомпо уште еднаш беше најдобар кошаркар во својата екипа во победата од 113-110 против Портланд. Јанис мечот го заврши со личен рекорд од 44 поени.

Хјустон беше подобар од Далас со 107-91, Џејмс Харден беше најдобар поентер и асистент во својата екипа со 29 поени и 7 асистенции, а Сан Антонио славеше против Чикаго со 87-77 предводен од Ламаркус Олдриџ со 28 поени и 10 асистенции.

Детроит беше подобар од Њујорк никс со 111-107, благодарание најмногу на Тобијас Херис (31 поен) и Андре Драмонд (21 поен, 12 скока). Кај Никси доминираше Порзингис со 33 поени.

Изненадување е сигурно поразот на Кливленд од Орландо од 114-93. Уште во првата четвртина Орландо имаше предност од 18 поени, а одлична партија одигра Никола Вучевиќ со 23 поени и 7 скока. Леброн Џејмс на другата страна имаше 22 поени.

Во останатите мечеви Мајами беше подобар од Индијана со 112-108, а Торонто ја прегази Филаделфија со 128-94.

Се вчитува...