Пораз од Гепинген, Рајн Некар Левен во лоша серија пред дуелот со Вардар

Рајн Некар Левен влезе во лоша серија и во германската Бундес лига, во пресрет на саботниот втор натпревар против Вардар во Лигата на шампионите. Во натпреварот од 14.коло во бундеслигата, „лавовите“ на гостувањето кај Гепинген беа поразени со 28-26.

За избраниците на Николај Јакобсен ова е вкупно трет пораз во 14 одиграни натпревари во Бундес-лигата, втор во серија во последните два кола и тоа два пати пред натпреварите со Вардар во ЛШ. Минатата недела Рајн Некар Левен во Германија загуби од Мелсунген, а потоа беше поразен и од Вардар во Скопје. А, лошата серија за „лавовите продолжи на гостувањето кај Гепинген. Рајн Некар Левен водеше во првото полувреме, домаќините пред паузата успеаја да изедначат на 16-16, а потоа во вториот дел го презедоа водството и останаа во позитива до крај.

Енди Шмид вообичаен беше најефикасен во составот на Рајн Некар Левен со осум погодоци. Еден гол помалку постигна Гудјон Валур Сигурдсон. Македонскиот репрезентативец Филип Талески на овој меч остана без погодок.

Се вчитува...