Пораз од Унгарија, Македонија шеста на СП во Алжир

Младите македоснки ракометари загубија од Унгарија со 22-26  во натпреварот за 5.место и го завршија настапот на Светското првенство (У21) во Алжир на шестата позиција што е најдобар пласман што е најдобар пласман во историјата на македонскиот ракомет на светските првенства. македонските ракометари одиграа девет натпревари, запишаа пет победи и четири порази и на крај завршија како шести во светот во младинска конкуренција што е најголем успех на оваа генерација и воедно, најдобар пласман што го остварила една македонска репрезентација во сите конкуренции.

Иако и ракометарите и стручниот штаб и целата македоснка јавност посакуваа овој извонреден настап на СП во Алжир младинците да го завршат со победа, сепак силата и концентрацијата попушти во финишот. Унгарија беше подобар противник и на крај славеше победа што и го донесе 5,место на младинскиот мундијал.

Македонската репрезентација добро го отвори натпреварот и имаше почетно водтсво од 2-0.  Селекторот Илија Темелковски во стартниот состав го постави Марко Нелоски на пикер што се покажа како добра одлука. Нелоски кој вообичаено игра на бек на овој шампионат покажа дека одлично се снаоѓа и како пикер.  Во дуелот со Унгарија тојод пиекр  ги постигна првите два гола во серија, а потоа и третиот за водство од 5-4. Македонија по првите десет минути беше во водство, на двапати  со два гола разлика (6-4, 7-5). Но, на средината од полу ремето, Унгарците ги искористија грешките и серијата промашувања на „црвено-жолтите“ и го презедоа водство поведувајќи со 7-8.

iko mk mladi

Мартин Томовски со неколку успешни интервенции ја држеше Македонија во игра. Но, и Унгарците имаа свој адут на голот. Имре Пастор им одбрани неколку шута на мекадонските бекови, а репрезентацијта на Унгарија го искористи тоа и се одлеши на три гола позитива поведувајќи со 9-12, а оваа разлика ја задржа и на полувремето (11-14).

Уморот во деветиот натпревар на мундијалот беше видлив и кај двете репрезентации, па првите пет минути од второто полувреме минаа без погодок. Македонија не искористи неколку напади, а Унгарците не реализираа и два седмерци. Конечно, Марио Танковски ја прекина лошата серија намалувајкќи на 12-14 во 35.минута. Но, потоа им тргна и на Унгарците, набрзина реализираа три гола и дојдоа до +5 (12-17). Темелковски реагираше со тајмаут, а по одморот во мини серија влезе десниот бек Мартин Велковски и намали на 14-17.

mk ung mladi sp (u21)

И покрај предноста и доминацијата на противникот, македонските ракометари не се предаваа и машки се бореа до крај. На десет минути пред крај успеаја да намалат на два гола негатива со двата гола во серија со погодоците на Филип Кузмановски и на Димитар Димитриоски. Но, немаа сили за комплетен пресврт во финишот. Унгарците успеаја да го сочуваат водтсвото, знаеја да ги казнат грешките и во завршните пет минути веќе имаа предност од 19-24. Тоа им овозможи мирно да ги одиграат последните минути и на крај да слават победа со конечните 22-26  за 5.место на СП во Алжир.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Марко Нелоски со шест гола, а по четири погодоци постигнаа Филип Кузмановски, Филип Талески и Марио Танковски.

Во натпреварот за 7.место Тунис ја победи Русија со 36-21. За бронзениот медал ќе играат Франција и Германија, а во големото финале за титулата светски младински првак ќе се борат селекциите на Данска и на Шпанија.

Се вчитува...