Поразите ја спакуваа „фалангата“, мал број Македонци на трибините

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонските ракометари вечерва ја водат својата последна битка на ЕП 2018, против селекцијата на Данска, а очигледно е присуството на далеку помал број на навивачи од нашата земја на трибините во арената во Вараждин.

Долниот дел од трибината по свечените ложи традиционално беше резервиран за „фалангата“, која ја исполнуваше до последно место, но денеска не само што таа е полу-празна, туку на неа денеска има и фанови на Данска, но и на Германија, кои се подготвуваат за вечерашниот дуел со Шпанија.

Поразите на последните две средби дефинитивно го променија расположението кај „фалангата“, па голем дел од македонските фанови предвреме се спакуваа и се вратија назад во Македонија.

Се вчитува...