Порше Македонија претстави два нови модели на ŠKODA, новите KODIAQ и Octavia - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
25/05/2017 21:10
Коментари
25/05/2017 18:53
Фудбал
25/05/2017 14:47
Кошарка
25/05/2017 12:01

Порше Македонија претстави два нови модели на ŠKODA, новите KODIAQ и Octavia

Порше Македонија претстави два нови модели на ŠKODA, новите KODIAQ и Octavia

Порше Македонија, за љубителите на квалитетни автомобили со пристапни цени, претстави уште два нови прекрасни модели, со што и официјално започна продажбата на новиот Skoda Kodiaq и новата Skoda Octavia во Р. Македонија. Најновите модели на Škoda ги пренесуваат сите предности на брендот: модерен дизајн, карактер, извонреден внатрешен простор, практичност и иновативна технологија, која единствено може да се најде кај повисоките класи на возила.

„Глобалниот пазар наметнува едно силно темпо кое ние постојано го следиме во чекор, и кое е причина што новитетите кај нас никогаш не изостануваат. Напредната технологија и новите модели ги добиваме паралелно со нивните европски премиери и ви ги испорачуваме во истиот миг. За вас секогаш го испорачуваме најдоброто, последната технологија, најновиот дизајн, за вас критериумите ги поставуваме секојпат повисоко и одиме чекор подалеку, планираме повеќе отколку што замислувате, а достигнуваме и повеќе отколку што очекувате“ – изјави Генералниот Менаџер на Порше Македонија г-динот Златко Муцунски посакувајќи им добредојде на присутните, додаде:„ Раскошни, безбедни и практични, совршено дизајнирани и прецизно изработени, нашите возила не се само превозни средства туку се ваш верен сопатник и сигурен партнер на сите патувања. Денес ќе ви пружиме не едно туку две нови задоволства. Таа (ŠKODA Octavia)- елегантна, атрактивна и освежена ќе ги измами вашите воздишки на прв поглед. Тој (ŠKODA Kodiaq) – моќен, впечатлив и самоуверен ќе ве освои и поведе во нови авантури”.

„ŠKODA со првиот голем SUV влегува во сосема нов сегмент и освојува нова група на клиенти. Новиот ŠKODA модел е навистина силен и го прави брендот уште попривлечен благодарение на новиот концепт, фасцинантниот дизајн, лесното поврзување, поголемата удобност, безбедност и информации во реално време. Технологијата која се вградува во KODIAQ  е својствена за повисоката класа на возила, затоа новиот SUV на  ŠKODA е на врвот во својот сегмент. ŠKODA KODIAQ нуди повеќе од 30 „Simply Clever“ решенија, од кои седум се сосема нови “ истакна г-дин Миле Станчев бренд менаџер за ŠKODA и додаде: Особена чест ми е да ви ја претставам и новата ŠKODA Octavia која ја започнува третата декада од својата успешна приказна со докажани предности и нови квалитети. Сеопфатното освежување  на чешкиот бестселер се истакнува преку впечатливиот дизајн, рафинираниот  амбиент и големината на внатрешниот простор“

 skoda-kodiaq-octavia-skopje-03

ŠKODA KODIAQ ги нуди сите предности на брендот: добро обмислена функционалност, супериорен внатрешен простор и одлична вредност за парите. Најголем багажник во однос на конкуренцијата и опционален трет ред на седишта го прават новиот SUV идеален придружник кој ги задоволува секојдневните барања.  ŠKODA KODIAQ е супериорен и кога станува збор за системите за помош на возачот, информативно забавниот систем и поврзувањето, моделот докажува дека Škoda има многу иновативни решенија, нудејќи технологија својствена за повисоката класа на возила, затоа KODIAQ е на врвот во својот сегмент. ŠKODA KODIAQ, го пренесува новиот дизајнерски јазик во SUV сегментот, а со тоа ја засилува емотивната моќ на брендот. Теренецот е погоден за бизнис патувања, но и за семејни дружења во слободното време, тој со леснотија вози надвор од патот.  LED светлата доаѓаат како стандард во задниот дел и ја имаат карактеристичната C – форма типична за ŠKODA. Моделот достапен е во 14 бои – четири стандардни и десет металик бои. Опремата варира во зависност од трите нивоа на опременост –Active, Ambition и Style. ŠKODA KODIAQ е долг 4.697 mm, широк 1.882 mm и 1.676 мм висок, меѓуоскиното растојание изнесува 2.791 mm. KODIAQ се базира на MQB платформата, а лесната конструкција игра важна улога. Јасниот надворешен дизајн е пренесен и во внатрешноста: двојните линии, со нивниот тридимензионален изглед ја истакнуваат инструмент таблата.

Бројни новитети овозможуваат дополнителна удобност, на пример кај предните седишта предвидено е загревање, вентилирање и електронско прилагодување,  опција која вклучува и мемориска функција. Задните седишта на ŠKODA KODIAQ, исто така, нудат разновидни опции на преклопување и овозможуваат транспорт на предмети долги до 2,80 m.   Уште две седишта во третиот ред се на располагање како опција – со што ŠKODA KODIAQ е првиот модел од поновата историја на брендот со 7 седишта. Кога станува збор за пространоста тука ŠKODA поставува стандарди, багажниот простор кај ŠKODA KODIAQ изнесува 720 l, а може да се зголеми до 2,065 l. KODIAQ го нуди најголемиот багажник во својата класа.

Новите “Simply Clever” решенија кои се достапни со ŠKODA KODIAQ се уште еден доказ дека ŠKODA секогаш нуди автомобил кој вреди малку повеќе во однос на неговата цена – со системи за практичен и удобен секојдневен живот, типично за брендот. Ново „Simply Clever” решение е заштитата од рабовите на вратите, кое се активира автоматски при отворање на вратата на автомобилот и спречува контакт со ѕидот на гаражата или соседните автомобили. Кога вратата се затвора, пластичните амортизери сами се повлекуваат. Со ова “Simply Clever” решение ќе ги спречите ударите и гребнатинките на вашиот автомобил, како и оние на останатите паркирани возила.   Иновациите продолжуваат и кај системите за помош на возачот тука се системот за влечење приколка, камери со приказ на просторот околу возилото, ретровизори со широк агол, Front Assist систем кој внимава на возилата и пешаците пред возилото, со систем за итно сопирање во градски услови, адаптивен темпомат, систем за движење во лента, систем за откривање на возилата во мртвиот агол, ŠKODA Connect Google Earth™ топографскиот преглед како и Google Street View™ .

Со лансирањето на новиот ŠKODA KODIAQ се вградуваат пет мотори, два дизел TDI и три бензински TSI мотори, со капацитет од 1,4 до 2,0 l излезна моќност која

се движи од 92 kW (125 КС) до 140 kW (190 КС). Моторите со турбо директно вбризгување ги исполнуваат EU6 стандардите. Сите мотори имаат Stop-Start систем, со функција за обновување на енергијата при сопирање и моќен термо управувачки

систем, кој придонесува за ниска потрошувачка и покрај големата моќност на моторите. ŠKODA KODIAQ зависност од моторот е достапен со повеќе различни менувачи. 6-степен мануелен менувач или DSG менувач со шест или седум брзини. Новиот 7-степен автоматски менувач со двојна спојка за прв пат се вградува со моќните мотори на ŠKODA со вртежен момент до 600 Nm.

ŠKODA Octavia ги комбинира типичните предности на брендот и придонесе значително за растот на чешкиот производител со повеќе од 5 милиони продадени автомобили до денес. По сеопфатното освежување, третата генерација на моделот, кој беше воведен во 1996 година, уште еднаш ја нагласи врвната форма, како визуелно така и во поглед на технологијата.

skoda vnatre

Во прилог на поголемата внатрешност и исклучителна вредност за вложеното, ŠKODA Octavia сега нуди повеќе системи за безбедност и поголем комфор, со што ја засилува својата одлична позиција во сегментот. Измени на дизајнот направени како дел од сеопфатната надградба на моделот овозможи ŠKODA Octavia  да има дополнителни единици за осветлување во рамките на предните светла, со кристален изглед, динамичен и емотивен севкупен впечаток. Отсега новите LED светла се достапни со Ambition нивото на опрема. Покрај видливиот дел кај новата ŠKODA Octavia вградени се нови високо – квалитетни материјали, широк спектар на мотори: четири TSI бензински и четири TDI дизел мотори, DSG менувачи како опција достапни за речиси сите мотори,  пет нови системи за помош на возачот со кои се зголемува удобноста и безбедноста, нов забавно – информативен систем, ŠKODA Connect – интернет услуги, забава, удобност и помош, како и неизбежните „Simply Clever“ решенија за секојдневна практичност.

Комерцијален текст

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.