Посебен сообраќаен режим околу „Телеком Арена“ утре од 15 часот

СВР Скопје обелодени дека во пресрет на натпреварот меѓу Македонија и Шпанија, ќе биде воведен посебен режим за сообраќај на возила и движење на пешаците на улиците кои се наоѓаат во близина на „Телеком арена“. Посебниот сообраќаен режим ќе важи од 15 часот, а ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: бул. „Илинден“, ул. „Ристо Шишков“, ул. „Аминта трети“, ул. „Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион, соопшти МВР.

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по наведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат влезници за натпреварот.

Воедно, Фудбалската Федерација на Македонија обелодени дека влезовите за публика на денот на натпреварот ќе бидат отворени од 18.45 часот, а ќе се затворат во 20.30.

Се вчитува...