Поширок список: Раул избра 28 ракометари пред ЕП во Хрватска - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Поширок список: Раул избра 28 ракометари пред ЕП во Хрватска

Поширок список: Раул избра 28 ракометари пред ЕП во Хрватска

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, го објави поширокиот список од 28 ракометари за Европското Првенство што во периодот од 12 до 28 јануари ќе се игра во Хрватска.

На списокот на Гонзалес нема преголеми изненадувања, се најде дури и тинејџерот Мартин Серафимов од Металург, а Гонзалес во следниот период ќе го објави и скратениот список на оние кои ќе треба да се појават на првата прозивка во Скопје. Специјалистот за одбрана Ацо Јоноски повторно ќе биде во комбинација за настап откако помогна во клучните моменти од квалификациите, како и Немања Прибак, кој се врати во националниот тим за време на ЕХФ-неделата во октомври.

Сениорската репрезентација на Македонија на ЕП во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб. Според распоредот, Македонија во првото коло на 13 јануари се среќава со Словенија, на 15 јануари противник на нашиот состав ќе биде Црна Гора, додека групната фаза ја затвораме со меч против Германија на 17 јануари.

СОСТАВ

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.