Потсетување на златната генерација: Крањ од 1993 засекогаш запишан во фудбалската историја на Македонија! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35
Кошарка
10/12/2017 18:43
Фудбал
10/12/2017 14:55

Потсетување на златната генерација: Крањ од 1993 засекогаш запишан во фудбалската историја на Македонија!

Потсетување на златната генерација: Крањ од 1993 засекогаш запишан во фудбалската историја на Македонија!

На денешен ден пред 24 години, репрезентацијата на Македонија го одигра својот прв меѓународен натпревар, гостувајќи во Крањ против селекцијата на Словенија.

Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски славеше удедлив триумф од 4-1. Првиот, историски, гол за нашиот репрезентативен тим го постигна Зоран Бошковски – Чоко во 5. минута на асистенција на Дарко Панчев, а стрелци за Македонија беа уште и Панчев, Чедомир Јаневски од пенал и Драган Канатларовски.

„Тоа е златна генерација. „Децата“ од мојата генерација беа кадарни да се фатат во костец со најдобрите Европа и затоа без двоумење прифатив да бидам селектор затоа што имав верба во нив“ – вели првиот македонски селектор Андон Дончевски, потсетувајќи се на тие почетни денови на нашиот национален тим.

Македонија во Крањ против Словенците настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски, Марковски, Панчев, Бабунски, Мицевски. Имиња кои засекогаш ќе останат запаметени во македонската фудбалска историја.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.