Потврда стигна и од „Специјалниот“: Златан и Погба се враќаат против Њукасл - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
13/12/2017 14:50
Меѓ. Фудбал
13/12/2017 14:42
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39

Потврда стигна и од „Специјалниот“: Златан и Погба се враќаат против Њукасл

Потврда стигна и од „Специјалниот“: Златан и Погба се враќаат против Њукасл

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба ќе се вратат во составот за утрешниот дуел со Њукасл во рамките од Премиер – лигата.

Екс-репрезентативецот на Шведска прави сензационален кам-бек по повредата на коленото која според првичните прегледи требаше да отсуствува најмалку до крајот на декември, но Златан решен да се опорави што побрзо, со дополнителни напори ја враќа својата физичка сила и е подготвен да зачекори на тревата по седум месеци пауза.

Француската ѕвезда, Пол Погба пристигнува како засилување за тимот на Мурињо откако ги пропушти последните 12 натпревари на „црвените ѓаволи“, во кои Јунајтед беше два пати поразен (Од Хадерсфилд и Челси) и одигра едно реми (со Ливерпул).

Уште една, трета добра вест за фановите на црвениот дел од Манчестер е и враќањето на Маркос Рохо. Рохо беше се повреди на истиот меч со Ибрахимовиќ, и по подолго време и тој се враќа да конкурира за настап.

„Сите тројца (Златан, Погба, Рохо) се селектирани за утрешниот натпревар. Златан комплетно закрепна, но не можете да очекувате да ги одигра сите 90 минути, ниту пак неколку натпревари во низа  како што правеше минатата сезона. Потребно му е време да се врати на истото ниво, сите велевме дека ќе се врати кон крајот на 2017 година, но едно значи „31. декември“, а сосема друго значење има „средината на ноември“. Се радуваме на враќањето на Погба, бидејќи као што самите можевте да видите, Јунајтед игра сосема различно кога Пол е, и кога Пол не е на теренот. Маркос играше со младинците пред неколку дена, се чувствува добро и со нетрпение чека да се врати во составот“, истакна Мурињо на денешната прес конференција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.