Потврдено: Словенија останува на ЕП 2018!

ЕКИПА на ЕП 2018 во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Веќе нема никакви дилеми, ракометната репрезентација на Словенија ќе продолжи да се натпреварува на ЕП 2018 по најавите за бојкот и повлекување од страна на ракометната федерација на оваа земја. Челниците на оваа федерација попладнево во Загреб одржаа прес-конференција, на која обелоденија дека е донесена одлука да се продолжи со настапите на овој европски шампионат.

Можеме да потврдиме дека едногласно одлучивме да продолжиме со натпреварувањето на ЕП, иако сме страшно разочарани од судењето на првенството. Сепак, одлучивме да играме поради спортот, навивачите и целото натпреварување. Словенија ќе продолжи да биде гласна во борбата за што подобар, поквалитетен и поправеден ракомет, бидејќи нашиот спорт тоа го заслужува. Ќе играме, но и ќе се жалиме до Меѓународниот спортски суд“ – изјави првиот човек на Ракометната Федерација на Словенија, Фрањо Бобинц.

Словенците вечерва во 20.30 часот се среќаваат со Црна Гора, меч на кој на избраниците на Веселин Вујовиќ им е доволно и реми за пласман во следната рунда во Вараждин.

Се вчитува...