Повеќе од 40.000 Турци со невидено сиртаки го славеа „торпедирањето“ на Олимпијакос (видео)

Турците и Грците не се баш најомилени пријатели, па фудбалска Европа стравуваше од пресметката меѓу Бешикташ и Олимпијакос.

Некои претпоставуваа дека се можни и нереди за време на мечот во Истанбул, но ништо од тоа не се случи. На крајот Бешикташ оди понатаму тотално демолирајќи го Олимпијакос со победата од 4-1.

А, големата победа речиси 45.000 навивачи на Бешикташ ја славеа со препознатливото грчко сиртаки…

Се вчитува...