Повреда на Јован Костовски, крај на сезоната!?

Македонскиот интернационалец Јован Костовски заработи сериозна повреда на дуелот за Леувен против Серкл Бриж во разигрувањето од Втората лига на Белгија.

Костовски се повреди во 20. минута од пресметката по што веднаш беше заменет со Касаголда.

Според првичните информации од Леувен, 29-годишниот Костовски веднаш е префрлен во клиничкиот центар на детални прегледи по што ќе биде познато за тежината на повредата, и евентуалното идно натамошно отсуство од терените.

Костовски сезонава во 25 натпревари за Леувен има постигнато седум погодоци.

Се вчитува...