Повреда на Леброн Џејмс, Кливленд демолиран од Сан Антонио

Сан Антонио синоќа на домашен терен го декласираше Кливленд победувајќи со 103-74.

Се очекуваше да биде тоа голема пресметка на двете екипи, но Спарси едноставно го разбија Кливленд. Натпреварот беше решен веќе во втората четвртина кога Сан Антонио создаде предност од 24 поени. Каваи Леонард ги предводеше домашните со 25 поени, притоа и со по шест скока и асистенции, а ЛаМаркус Олдриџ и По Гасол постигнаа по 14 поени, додека Ману Џинобили запиша 12 поени.

Кај Килвленд се истакна Леброн Џејмс со 17 поени, и по осум асистенции и скока. Но, она што е потрагично за Кливленд, е повредата токму на Леброн Џејмс при крајот од третиот период.

Во скок Леброн Џејмс беше удрен со лакт од Девид Ли, по што Кралот не можеше да го продолжи мечот. Џејмс кон средината од последната четвртина се упати и дефинитивно кон соблекувалните, па наредниве денови се очекува да биде познато колкава е тежината на повредата.

Се вчитува...