Познати деталите од договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси

Златан Ибрахимовиќ го напушта Манчестер јунајтед и се сели во ЛА Галакси. Американските медиумо веќе ги открија и деталите од договорот со тимот од Лос Анџелес.

Шведскиот напаѓач ќе го носи дресот на ЛА Галакси до крајот на 2019 година, а годишно ќе заработува по околу 1,5 милиони долари.

На својот нов тим Ибрахимовиќ треба да му се приклучи во текот на наредната недела. Потенцијалното деби за ЛА Галакси може да го има во градското дерби против новиот член на МЛС лигата, Лос Анџелес ФК.

Во својата кариера, Златан Ибрахимовиќ играше за најголемите европски клубови. Кариерата ја почна во шведскиот Малме, потоа настапуваше за Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и на крај за Манчестер јунајтед.

Се вчитува...