Празни трибини и убедлив пораз - крај на европската екскурзија на Работнички - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
21/10/2017 19:15
Ракомет
21/10/2017 18:28
Коментари
20/10/2017 19:35
Фудбал
19/10/2017 21:31

Празни трибини и убедлив пораз – крај на европската екскурзија на Работнички

Празни трибини и убедлив пораз – крај на европската екскурзија на Работнички

Екипата на Работнички се простува од квалификациите на Еврокупот со убедлив пораз од рускиот тим Парма, со резултат од 95-73. Избраниците на Марин Докузовски немаа сили за изненадување, ниту пак да забележат каква таква победа пред својата публика. Сепак и покрај слободниот влез, Работнички немаа инспирација за да направат нешто повеќе пред полу празна сала.

Гостинската екипа уште на стартот превзеде иницијатива со серија од 7-0. Сепак, Работнички поспепено ја намалуваше разликата, не дозволи дебакл уште во првиот период. Кон крајот на првите 10 минути тимот од „Градски парк“ стигна до изедначување, а во последните секунди за прв пат поведе на средбата, но со минимални 21-20.

Во вториот период водството константно се менуваше, неизвесно беше во поголемиот дел од четвртината. Избраниците на Докузовски добро се носеа со притисокот и агресивната игра на рускиот тим, но при водство од +2 за Работнички, гостинската екипа реализираше неколку тројки, па така на паузата заминаа со предност од 7 поени, 46-39. Организаторот на игра од Парма, Френк Гејнс забележа импресивни 21 поен за само едно полувреме.

22070555_1529727237073932_775139628_o

Работнички со освежени сили по паузата добро го започна третиот период, но во моменти кога имаа шанса да се вратат резултатски, гостите извршија нов притисок па стигнаа до првата двоцирена предност. При крајот на периодот составот на Парма веќе имаше 20 поени разлика(73-53), предност која беше недостижна за македонскиот претставник. Ротирањето на играчи од страна на рускиот стратег добро функионираше во текот на целиот меч, а беше главно оружје за победата, додека Работнички имаше очајни 14 поени за 10 минути, наспроти постигнатите 31 поен од Парма (77-53).

Во последниот период победникот беше познат, Работнички играше за излез од квалификациите со кренати глави, се обидуваа да ја намалат разликата, но залудно. Гостите кон мирен крај го приведоа мечот.

Кај домаќините најрасположен Маркус Гинјард па постигна 26 поени, Чековски заврши со 14, а Костов додаде 13 поени. Американецот Френк Гејнс беше најефикасен кај тимот на Парма со 30 поени , додека Иван Уков забележа 14 поени.

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.